Европски купови
Алкалоид со нова победа го завери пласманот во осминафиналето на ЕХФ Купот
Алкалоид со фуриозна игра го обезбеди осминафиналето во ЕХФ Европскиот куп уште вчера, но ваквиот статус беше официјално потврден вечрва на вториот меч против Вест Виена.
Македонскиот тим прифати да биде домаќин и организатор на двата натпревари и тоа беше голема предност за овој двомеч, па по вчерашните „плус 11“, денеска Алкалоид запиша нова победа.
Тимот на Кирил Лазаров не изгледаше полетно и убедливо како пред 24 часа, но сепак рутински ја одработи задачата во дуелот во кој тренерот им даде шанса на сите ракометари.
Алкалоид славеше со 32:29 и избори вкупни „плус 14“ во двете пресметки со австрискиот ривал, биланс кој секако носи и голема доза на самодоверба пред осминафиналните предизвици.
Серафимов и Петковски беа најрасположени кај Алкалоид и постигнаа по седум погодоци вечерва, додека на спротивната страна најефикасен беше Мелешниг со пет гола.
Алкалоид својот ривал за осминафинелето ќе го дознае во вторник, кога ЕХФ ќе изврши ждрепка за следната нокаут фаза во ова натпреварување.
-
Англија21 час
Шок во Манчестер: Ретклиф го „шутна“ засилувањето од Њукасл по само пет месеци! (Фото)
-
Италија24 часа
Раниери откри зошто го закова за клупа капитенот на Рома
-
НБА22 часа
НБА хит: Циркузантската тројка на Дончиќ „од паркинг“ со звукот на сирената (Видео)
-
Англија23 часа
Караницата меѓу Белингам и Арда предизвика ерупција на Реал во Каталонија (Видео)
-
Шпанија10 часа
Лудница на „Метрополитано“: Гризман погоди во 94 минута, Атлетико го доби неверојатниот меч со седум погодоци (ВИДЕО)
-
Англија21 час
Голем пресврт: Новинарот кој има инсајдерски информации за Салах го откри следниот чекор на Египќанецот
-
Англија14 часа
Палмер испиша историја во ПЛ, Челси со голем пресврт до славје во трилерот со Тотенхем
-
Лига на шампиони15 часа
Реал Мадрид потврди две „засилувања“ за дербито со Аталанта