Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид рутински го совлада фенерџијата Радовиш

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Ракометарите на Алкалоид им се вратија на обврските во македонското првенство и без никаков проблем стигнаа до нова победа и задржување на позицијата на табелата.

Натпреварот кој се играше во салата „Автокоманда“ во Скопје, очекувано не донесе неизвесност во ниту еден дел, а Алкалоид уште на полувреме водеше со 25:9, за до крајот да обезбеди убедлива победа и враќање на првото место на табелата.

Тренерот Кире Лазаров имаше можност да им даде шанса на сите ракометари, а најефикасни во редовите на „фармацевтите“ беа Петковски со 8 и Гарбески со 7 постигнати голови.

Ончев, Трајанов, Костадинов и Атанасов беа најдобри реализатори во редовите на аутсајдерот на оваа средба и екипата која останува со најлош ефект во машката ракометна Супер лига.

За Алкалоид ова беше дванаесетта победа во тринаесет рунди, а следен противник ќе му биде тимот на Бутел.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни