Македонија
Алкалоид продолжи да „меле“ и стигна до 11. победа во Суперлигата

Алкалоид пред само два дена имаше европски преизвик и не успеа да слави победа над Бјерингбро-Силкеборг, но тоа не им сметаше на избраниците на Кирил Лазаров во обидот да стигнат до нова победа во Суперлигата.
Тимот од Автокоманда е приказна за себе во А групата и денеска стигна до билан „11 од 11“, а најнова жртва на Алкалоид беше тимот на Аеродром.
Аутсајдерот изненадувачки парираше во првите 30 минути и имаше негатива од само еден гол, но тоа целосно се промени во вториот дел, во кој до израз дојде квалитетот на македонскиот вицешампион.
Резултатот во првиот дел беше 19:18, но во вториот Алкалоид славеше со 23:10 и оствари преубедлива победа од 42:28.
Фуриозното второ полувреме му ја донесе на Алкалоид 11-та победа во Суперлигата, па сега има максимални 33 бода, шест повеќе од второпласираниот Тиквеш.
-
Англијапред 12 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 10 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Светпред 11 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 23 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 11 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 13 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
АТПпред 24 часа
Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…
-
Светпред 22 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година