Европски купови
Алкалоид покажа сила и на домашен терен, момците на Лазаров ќе играат четвртфинале во Европскиот куп!

Четвртфиналето во Европскиот Куп на ЕХФ беше чиста рутина за избраниците на Кирил Лазаров, а ракометарите на Алкалоид го потврдија тоа со уште една убедлива победа против Бриксен.
Откако славеше со 44:32 на натпреварот кој се одигра минатата седмица, тренерот Лазаров имаше можност да експериментира и да прави комбинаторики на денешниот меч во Скопје, на кој иако на полувреме тимот имаше негатива од еден гол, на крајот лесно победи со 38:31.
Македонскиот суперлигаш потврди дека е за неколку скалила поквалитетен ривал од италијанскиот тим со изданието во второто полувреме, па на тој начин само беше потврдена новата уверлива победа.
Севкупно гледано, Алкалоид го доби Бриксен со 19 голови разлика на двата одиграни натпревари, па со максимална самодоверба ќе чека ривал во четвртфиналето.
Александ Петковски со осум погодоци денеска беше најефикасен во победничкиот тим, следен беше од Марко Митерв со седум голови, додека најрасположен за голови беше Кандидо од спротивната страна со 12 реализации.
Ждрепката за четвртфиналето во Европскиот куп на ЕХФ ќе се одржи за три дена, па тогаш Алкалоид ќе дознае со кој тим ќе ги одмери силите за полуфинале.
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…