Поврзете се со нас

Европски купови

Алкалоид покажа подобра слика, но една криза се покажа како кобна за пораз во Данска

Објавено

на

Алкалоид се прикажа во многу подобро издание на гостувањето во Данска од она на домашен терен пред една недела, но момците на Кирил Лазаров претрпеа нов пораз од Бјерингбро-Силкеборг.

Македонскиот вицешампион покажа допадлива игра и на моменти беше навистина подобар ривал од домашниот тим, но лошиот старт на вториот дел се покажа како клучен период за губење на овој натпревар.

Првата серија на мечот ја имаа домаќините кои со четири гола во низа дојдоа до 7:3, но избраниците на македонскиот селектор не се откажаа и ја намалија негативата во првите 30 минути. На полувреме се замина со само гол негатива која ветуваше возбудливо второ полувреме, но за жал до тоа не дојде.

Бјерингбро-Силкеборг стигна до плус шест во воведните минути од продолжението и си го трасираше патот до победата, која на крајот ја оствари со конечен резултат 35:31.

Неискусните грешки направија вториот дел да биде рутина за домашшниот тим, во кој најефикасни беа Нилсен, Болдсен и Халбек со по шест гола, а извонреден беше и голманот Ловквист со 16 одбрани. Во македонскиот тим, Митев постигна девет погодоци и беше најдобар на паркетот, а по четири реализации имаа Серафимов, Џонов и Бинго.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни