Шах
„Алкалоид Опен“ со рекорден број учесници, тројца играчи на врвот

По наметнатата пауза поради светската пандемија од Ковид-19, викендов во Скопје повторно се рестартираше традиционалниот Отворен меѓународен турнир во забрзан шах, познат како „Алкалоид Опен“, организиран од најуспешниот шаховски колектив во Македонија и неговиот спонзор, компанијата „Алкалоид“.
Ова беше седмо издание на турнирот, а овој пат привлече рекорден број учесници, дури 227 од вкупно 7 држави. Покрај најдобрите македонски шахисти, имаше вкупно 36 играчи од странство, што говори за авторитетот на Алкалоид како спонзор и како клуб. Притоа, најмладиот учесник Михал Гиговски имаше 8 години, а највозрасниот ВМ Душан Рајковиќ од Србија имаше 80 години.
– Шахот ги поврзува и ги обединува луѓето од сите генерации во рамноправна игра, при што магијата е во тоа што исклучиво шаховското знаење и подготвеноста ја одлучуваат секоја поединечна шаховска партија,- се вели во соопштението на ШК Алкалоид издадено во оваа пригода.
На врвот на турнирската табела со по 8 поени од 9 партии се најдоа тројца шахисти, а според дополнителниот судиски критериум првото место му припадна на српскиот велемајстор Синиша Дражиќ, пред Бугаринот Љубомир Данов и уште еден велемајстор од Србија, Борко Лајтхајм.
ФМ Александар Томиќ од Црна Гора и ИМ Ндерим Сарачи од Косово се најдоа зад нив со 7,5 поени, по што следува група од девет играчи со седум бода. Меѓу нив се и најуспешните претставници од Македонија, предводени од младите претставници ФМ Емил Ристески, Михаел Јорданов, Филип Михов и Матеј Звездакоски, додека приклучок кон оваа група фати ветеранот Владимир Тркаљанов.
Најдобри пласмани од шахистките имаа Моника Стојковска и Габриела Коскоска со по 6 поени, а наградени беа и најуспешните јуниори во своите старосни категории.
-
Балканпред 14 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 21 час
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 13 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
НБАпред 12 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Хојбјерг за искрениот Конте: Мора да ги образложи критиките пред нас…