Европски купови
Алкалоид обезбеди Топ 16 во Европскиот Куп, Лазаров со критики: Мора да менуваме стари навики…
Алкалоид славеше над Вест Виена и во вториот меч во ЕХФ Европскиот Куп со тоа што овојпат австрискиот претставник беше поконкурентен и загуби само со три разлика (32-29).
Во Европа не е лесно никого да совладаш двапати и тоа за краток временски период, но кога на клупата имате ракометна величина како Кирил Лазаров секогаш може да биде подобро, па нашата легенда изрази незадоволство од изданието на некои играчи.
-Најважно од се ни беше да се пласираме во следната фаза и тоа го остваривме. Игравме против една квалитетна и млада екипа од Австрија која покажа на сите нас како се игра и како се бори до последен здив, на специјален и модерен начин. Ми се допадна нивниот менталитет, дека не се предадоа во ниеден момент, иако првиот дуел го загубија со 11 разлика. Им дадов шанса на сите играчи во овие два натпревари, знаев дека во моментов сме подобар и поискусен тим, малку и ризикувавме, но треба да знаеме со што располагаме.
-Морам да кажам дека сум незадоволен од презентацијата на неколкумина наши играчи, треба да работиме и сите да се свесни дека мора да менуваме стари навики доколку сакаме да бидеме на ниво кое јас како тренер го посакувам и ние како клуб Алкалоид го посакуваме. Загрижен сум, затоа што во иднина не очекуваат потешки натпревари. Околу следната фаза, не ги знам сите имиња на можните ривали. Но, од оние кои се тука, скандинавските екипи ни се непознаница, би сакал да го избегнеме Олимпијакос, но ќе видиме кога ќе ја добиеме целата листа, -порача Лазаров.
Ждрепката за осминафиналето во Европскиот Куп е закажана за вторник на 3 декември.
-
Англија8 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија24 часа
Мамардашвили со катастрофална реакција ја остави Валенсија без победа во Севилја (ВИДЕО)
-
Шпанија15 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија10 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Италија15 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
Англија13 часа
Аморим издвои еден играч од својот тим кај кого забележал сериозен напредок: Тој е добар пример за сите
-
Шпанија12 часа
„Ламбрета магија“ на „Ла Росаледа“: Играч на Депортиво го изведе дриблингот кој не му успева на Винисиус (Видео)