Македонија
Алкалоид немоќен во Битола, Пелистер го презема врвот во Суперлигата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа голема победа над Алкалоид (33:20) во дерби натпреварот од 19. коло во Суперлигата.
Бранителот на трофејот беше супер мотивиран, расположен за игра и му одржа лекција на ривалот од Автокоманда од кого го загуби првиот меч во шампионатот, а и оној во Супер Купот на Македонија. Меѓутоа вечерва воден од верната битолска публика, Пелистер беше нерешлива енегма за избраниците на Кире Лазаров и дојде до триумфот кој го посакуваше, триумф со кој го презема првото место на табелата.
Четата на Алонсо знаеше што сака на ова соочување од почетокот до самиот крај, имаше контрола на резултатот, играта, па така по првото полувреме имаа плус пет (16:11), предност која продолжи да расте во вторите 30 минути за конечни на крајот плус 13.
Најефикасен во победничкиот табор беше Кузмановски со 11 погодоци, 8 додаде Богдан Радивојевиќ. Кај поразените се истакна Серафимов со 8 реализации.
-
Репрезентација22 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства22 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Светски првенства13 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Светски првенства10 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Шпанија14 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
АТП13 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација22 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства12 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!