Поврзете се со нас

Европски купови

Алкалоид направи пресврт, па испушти победа во завршницата против Баја Маре

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Алкалоид одигра две различни полувремиња на гостувањето кај Баја Маре во Романија, но ремито во Европскиот куп на ЕХФ дава позитивни сигнали за тимот на Кирил Лазаров, кој сега ќе треба да оствари било каква победа на домашен терен.

По негативата од четири голови по првите 30 минути (19:15), Алкалоид успеа да одигра далеку поквалитетно во одбрана и во напад во вториот дел, без оглед на фактот што домаќинот стигна и до максимални плус пет во првата акција.

Македонскиот претставник не се откажа и почна да ја топи предноста, а после со серија од пет голови во низа стигна и до водство од 23:24, прво по почетните 0:1 на стартот.

Во продолжение, Алкалоид успеа да стигне и до предност од три гола, но на крајот испушти победа и мораше да се задоволи со конечни 31:31, кои оставаат се отворено за реваншот во Скопје.

Во отсуство на Марко Митев, лидери на тимот на Лазаров беа Серафимов и Петковски со по седум погодоци, додека кај романскиот тим, дури пет ракометари постигнаа по четири погодоци.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни