Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид ја доби битката со Охрид и ја продолжи победничката серија

Објавено

на

Екипата на Алкалоид забележа нов триумф во ракометната Суперлига и во супер расположение ќе го дочека дербито со Вардар кое е на програмата наредното коло.

Избраниците на Кирил Лазаров славеа на гостувањето кај Охрид со 29-28. Ова беше средба која донесе нерешен резултат по првите 30 минути (16-16), но по паузата гостите беа на повисоко ниво, го диктираа темпото на игра, го конторлираа резултатот и на крајот заслужено дојдоа до шестото славје во низа или вкупно деветто во десетте натпревари во сезонава.

Серафимов со 12 погодоци беше вистински лидер во редовите на Алкалоид, додека на другата страна Озтурк беше автор на 9 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни