Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид има „десет од десет“, Пелистер лесно го реши Голден Арт

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Екипите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер дојдоа до нови победи во ракометната Суперлига.

Избраниците на Кирил Лазаров го надиграа вториот тим на Пелистер со 36:31. Ова за вицешампионот беше десетти триумф во десеттиот сезонски натпревар во шампионатот во кој Серафимов даде осум гола, а Стојковиќ имаше шест реализации.

Со ова скопскиот состав го положи последниот испит пред соочувањето со Бјерингбро-Силкеборг во Европската лига на ЕХФ.

Еурофарм Пелистер пак немаше никави проблеми против Голден Арт и славеше со резултат 39-16.

Петар Атанасијевиќ со 8 гола и Ѓорговски со 7 беа најпрецизни кај победникот, додека Ѓошевски со 6 гола беше прво име кај поразените.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни