Македонија
Алкалоид и Вардар остварија рутински победи во првенството

Ракометарите на Алкалоид и Вардар остварија сигурни победи на денешните натпревари од македонската машка ракометна Супер лига, обезбедувајќи ги очекуваните бодови во новата рунда.
Совладани се Струга, односно Вардар Неготино, со што и двата тима остануваат со перфектен скор во своите групи.
Алкалоид не успеа да направи предност во првиот дел против Струга (13:13), но затоа вториот дел донесе целосно поинаков тек на настаните, а избраниците на Кире Лазаров славеа со убедливи 38:18.
Џонов и Кофилоски со по 5 погодоци биле најефикасни во победничката екипа, додека кај Струга ист ефект имаа Бошњак и Тренчевски.
Вардар пак ја најави убедливата победа против Вардар Неготино уште во првиот дел (17:9), за до крајот да стигне до резултат 35:19 за очекувана победа во домашниот шампионат.
Николиќ и Ќосевски со по 6 гола биле најефикасни во редовите на скопските „црвено-црни“.
-
Италијапред 22 часа
Галјардини му се потсмеваше во лице на Рабио, доби одговор две минути подоцна (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Европски првенствапред 12 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 19 часа
Лазаров: Самсоненко ми понуди поголема плата, но јас веќе ја избрав Барселона
-
Италијапред 9 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Светпред 23 часа
Ниска провокација: Стоперот на Ал Хилал го бараше невидливиот Роналдо во мрежата од голот! (Видео)
-
НБАпред 22 часа
Нуркиќ го предизвика Јокиќ, но и му помогна на Денвер со потег во самиот финиш (Видео)