Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид и Кире Лазаров промовираа ракометен клуб кој ќе се фокусира на младите ракометари

Објавено

на

Македонската ракометна сцена од денеска е побогата за Ракометниот клуб Алкалоид, кој е формиран од реномираната македонска компанија, а чиј партнер ќе биде нашиот најдобар ракометар и актуелен селектор, Кире Лазаров, односно неговиот бренд КЛ7.

Новиот проект ќе ги стави во фокусот младите ракометари и нивната едукација и промоција на ракометната сцена.

–  Повод за денешната прес-конференција е промоција на новиот ракометен клуб, кој е основан со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ и ќе биде место каде што се кршат копјата и каде се кали челикот кога се во прашање младите таленти.

– Стратегијата ќе биде регрутирање, градење и насочување на млади македонски ракометни таленти кон вистинските спортски и животни вредности, – изјави Живко Мукаетов, прв човек на „Алкалоид“ и претседател на Ракометната федерација на Македонија.

Кире Лазаров со своето присуство е гаранција дека ќе се работи квалитетно со младите ракометари, но и дека клубот ќе има сериозни амбиции.

– Овој проект е добробит за Македонија, чест е да се учествува, бидејќи зад него стои светски реномирана компанија. Планот е да формираме добра база, бидејќи заостануваме во тој сегмент, а на младите ракометари ќе им овозможиме добар тренажен процес и квалитетен стручен кадар. Се надевам дека ќе изградиме нови македонски спортисти што во иднина со гордост ќе го носат државниот дрес, – изјави Лазаров на денешната прес-конференција.

– Клубот РК Алкалоид ќе работи според концептот на големите ракометни клубови, ќе го подобриме тренажниот процес, ќе настојуваме на модерен ракомет и усовршување преку системска и специфичен режим на работа, – истакна претседателот на клубот, Горан Минов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни