Македонија
Алкалоид го скрши отпорот на Охрид, епилогот го израдува и Пелистер

Екипите на Алкалоид и Охрид го комплетираа 22. коло во ракометната Супер лига, а домашниот тим успеа да го скрши отпорот на незгодниот противник и го заокружи првиот дел од сезоната со уште една победа (29:26).
Натпреварот започна со очекувана доза неизвесност, но Алкалоид направи солидна разлика во завршниот дел од полувремето за предност од 17:12.
Охрид успеа да се врати во натпреварот во продолжението, се додека избраниците на Кире Лазаров не го зададоа конечниот удар за победа од 29:26.
Серафимов со 8 голови беше најефикасен во редовите на победничката екипа, додека Ивановски го заврши натпреварот со 6 голови.
Победата на Алкалоид му одговараше и на Еурофарм Пелистер, кој со ваков епилог ќе пренесе три бода во плејоф фазата, додека Алкалоид и Вардар ќе пренесат по два бода.
-
Шпанија13 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија17 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија18 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Европски купови6 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Англија10 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Лига на шампиони18 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Шпанија14 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)
-
Шпанија4 часа
„Бункерот“ на Билбао падна во 93 минута, Валверде со мајсторија го запали „Бернабеу“ (ВИДЕО)