Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид го „скрши“ Бутел во второто полувреме

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Алкалоид славеше над Бутел Скопје со 27-21 во средбата од 13. коло во плејофот во Суперлигата.

Фаворитот имаше проблеми да се наметне, да го скрши отпорот на противникот или поточно тоа успеа да го направи дури во второто полувреме.

Бутел беше рамноправен ривал во првиот дел кој заврши со резултат 11:11, но по одморот домаќините при резултат 15:15 направија серија од 5-0 и се стекнаа со предност која потоа рутински ја одбранија.

Дамјан Митев со шест гола беше прв стрелец кај победникот. Алкалоид во последната рунда му гостува на Еурофарм Пелистер, додека Бутел ќе го пречека Вардар 1961.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни