Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид го надигра Пелистер и го освои трофејот во Супер Купот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Ракометарите на Алкалоид го освоија пехарот во Супер Купот на Македонија и тоа откако вечерва во Гевгелија го надиграа актуелниот првак Еурофарм Пелистер со 33-30.

Скопскиот тим покажа повеќе во салата „26-ти април“ и сосема заслужено дојде до нов трофеј во нашиот ракомет, односно уште еден по оној во Купот на Македонија пред неколку месеци.

Избраниците на Кирил Лазаров подобро се снајдоа во вториот дел на првото полувреме и на одмор заминаа со плус пет (19-14). „Зелено-белите“ воедно останаа и без капитенот Кузмановски кој заработи црвен и син картон по ударот со лакт во дуелот во Карасманакис, па стана јасно дека ќе биде многу тешко да се дојде до пресврт во вториот 30 минути.

Се водеше голема борба, Пелистер притискаше, Алкалоид се бранеше, одговараше на предизвикот и на крај дојде до конечна победа.

Одлична партија на голот на Алкалоид имаше Кизиќ, Костески пак беше прв стрелец со осум реализации. Најефикасен на другата страна беше Кузмановски (пет гола) иако играше само во првото полувреме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни