Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид доби три засилувања пред главната фаза во домашниот шампионат

Објавено

на

Се враќаат возбудувањата на домашната ракометна сцена и тоа во онаа најелитната каде ќе започне плејофот, односно главната фаза во која се очекува да има голема борба за титулата и пласманот во европските натпреварување.

Еден од тимовите кој се оочекува да има главен збор е Алкалоид кој првиот дел го заврши со перфектни 14 од 14 во групата А во Суперлигата и со тоа пренесе три бода во главната фаза пред која клубот од Автокоманда ја информираше јавноста дека ги засилува своите редови со три имиња.

Се работи за тројца ракометари кои доаѓаат од Мулти Есенс, тоа се кружниот напаѓач Валентин Карасманакис, десното крило Мартин Димовски и голманот Виктор Василевски.

Од екипата пак си замина голманот Алехандро Ромеро Карерас, додека Стефан Стојчевиќ е испратен во Милти Есенс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни