Поврзете се со нас

Англија

Алисон заработил повреда, Ливерпул со голман-дебитант во Лигата на шампионите

Објавено

на

Јирген Клоп не може да дигне глава од проблемите со повреди на своите фудбалери, а вечерва во Лигата на шампионите нема да смета ниту на првиот голман, Алисон Бекер.

Менаџерот на Ливерпул им открил на медиумите дека бразилскиот голман има проблем со мускул на левата нога, а неговото место ќе го заземе дебитант во најелитното европско натпреварување.

Се работи за ирскиот голман Кевин Келехер, кој ќе добие шанса на дуелот со Ајакс, додека Адријан кој вообичаено е прва замена, вечерва останува на клупата за резервни фудбалери.

Токму Адријан беше голман на Ливерпул, кога премиерлигашот славеше против Ајакс на првата средба во групата, а на таа средба не прими ниту еден гол.

Келехер минатата сезона забележа четири настапи за „црвените“, но сите беа во англиските купови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни