Поврзете се со нас

Англија

Алисон лут по историскиот пораз на „Енфилд“: Загубивме од тим кој само се фрлаше пред топката

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

По три победи во низа, Ливерпул го запиша првиот неуспех во ерата на Арне Слот, и тоа против тим кој малку кој очекуваше дека може да направи проблеми на „Енфилд Роуд“.

Нотингем Форест пристигна на гостувањето во Ливерпул како тим кој редовно губи од „црвените“, но денеска стави крај на една црна и непријатна серија која траеше повеќе од пет децении.

„Шумарите“ успеаја да се одбранат и на крајот за првпат да победат на „Енфилд“ по пауза од 55 години, а оваа победа ќе му се препише на Нуно Еспирито Санто кој со огромна радост го дочека последниот судиски свиреж.

Ливерпул доминираше во сите статистички податоци денеска и имаше посед на топка, но не успеа да најде решение за густата одбраната на Нотингем, кој на крајот се покажа како клучна за поволен резултат.

Слот ги стави во игра и Нуњез и Гакпо во обид да го пробие бедемот пред голот на гостите, но наместо тоа, погодок видовме во мрежата на Алисон Бекер, кој навистина тешко го прифати овој неуспех.

– Ова е вистинска штета. Никогаш не е добро кога губите бодови на домашен терен, уште помалку против ривал кој цело време се брани и игра само долги топки. Ја префрлаа тежината цело време и на крајот наседнавме на нивната игра. Им дадовме лесно да дадат гол, бевме многу лошо поставени во таа акција.

– Не креиравме доволно добро, потребна ни беше поголема енергија. Непотребно загубивме три бода од тим кој цело време се фрлаше пред топката, – изјави разочараниот Алисон.

На крајот, голот на Хадсон Одои е тој кој направи главна разлика на семафорот, па поранешниот член на Челси ќе се памети како играч кој го заврши петдецениското проклетство на Нотингем на „Енфилд Роуд“.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни