Алисон асистираше, Салах го дотолчи Јунајтед на „Енфилд Роуд“ (Видео)

salah-gol

Ливерпул го надигра Манчестер Јунајтед во секој сегмент од играта, но мораше да трепери до самиот финиш на мечот, кога Мохамед Сталах стави крај на сите дилеми околу тоа кој ќе ги освои трите бода.

Тимот на Јирген Клоп поведе со 1:0 благодарение на небесниот скок на Ван Дајк, а иако во првиот дел постигна уште два погодоци, истите беа поништени по проверката на ВАР системот. На стартот на вториот дел, Ливерпул наметна фуриозно темпо и несфатливо е како Јунајтед успеа да ја сочува својата мрежа, по што следеше еден помирен период во кој се заканија и „ѓаволите“. Најзрелата шанса ја имаше Марсијал кој од непосредна близина биеше силно над голот, па така во завршницата се влезе со неизвесен резултат.

Манчестер тргна со сите сили по израмнување во судиското надополнување, но наместо тоа, пристигна само втор гол на Ливерпул, откако Салах го постигна својот прв гол против Јунајтед по асистенција на голманот Алисон кој го претрча цел терен за да прослави со своите соиграчи.

На овој начин, Ливерпул стигна до 21-та победа на 22-от натпревар во Премиер лигата, со што има дури 16 бодови предност во однос на Манчестер Сити, а притоа има и одиграно меч помалку.

Facebook Коментари