Поврзете се со нас

Свет

Алиоски запиша асистенција за Ал Ахли (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Езгјан Алиоски забележа асистенција за Ал Ахли на дуелот против Ал Раед во првата лига на Саудиска Арабија.

Ал Ахли претрпе пораз од 3-1, пораз кој може скапо да ги чини затоа што сега екипата е под цртата, односно е во зоната за испаѓање од лигата на едно коло до крајот.

Нашиот Џани беше стартер, го одигра целиот натпревар со тоа што неговата асистенција дојде во 95 минута кога го проигра Карлос Едуардо кој погоди со глава и го постави конечниот резултат.

Алиоски кој се поврзува со трансфер во Трабзонспор сезонава има 6 голови и 8 асистенции за неговата екипа во домашниот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни