Поврзете се со нас

Свет

Алиоски влезе во игра после 538 дена, фановите на Ал Ахли еруптираа (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ALAHLI_FCEN

Езџан Алиоски се најде на немилост во Ал Ахли поради големиот број на странци во првиот тим, па клубот донесе одлука да не го селектира, а и воопшто да не го пријавува за домашното првенство.

Во изминатата година и половина, Џани единствените настапи ги имаше за македонската фудбалска репрезентација, но после точно 538 дена, конечно дочека шанса да излезе на теренот и како член на Ал Ахли.

Бидејќи може да биде пријавен како играч во азиската Лига на шампиони, левиот бек денеска влезе како резерва на натпреварот против Ал Гарафа и така стави крај на постот кој трае од август 2023-та година.

Алиоски последниот настап за Ал Ахли го имаше споменатата година на 29-ти август, па неговото влегување во игра привлече големо внимание и меѓу навивачите на Ал Ахли кои добро се сеќаваат на неговите добри партии од минатото.

Инаку, „зеленo-белите“ победија на денешниот натпревар со 4:2, а тоа направи Алиоски да направи кам-бек со триумф и три освоени бода.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни