Поврзете се со нас

Англија

Алиоски веќе договорил нов клупски ангажман, се плаши од реакцијата на навивачите на Лидс

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски е во последните месеци од договорот со Лидс Јунајтед и како што стојат работите тој ќе си замине од премиерлигашот по крајот на сезоната.

Долго време се говори за можен нов договор, продолжува на соработката, но по се изгледа нема ништо од тоа затоа што популарниот Џани не бил задоволен од тоа што клубот му го понудил, па се одлучил да ја прифати понудата на Галатасарај.

Според „Фотомак“ се е договорено и се чека само крајот на кампањата за да се објави трансферот. Истиот избор пренесува дека Алиоски побарал од Галатасарај да не објавува дека зделката е затворена од проста причина што се плаши од реакцијата на навивачите на Лидс.

Галатасарај и Лидс не се во добри односи, односно омразата трае од пред 20 години кога навивачи на англискиот прволигаш беа избодени до смрт во Истанбул.

Левиот бек во актуелнава кампања има настапено на 32 мечеви во ПЛ, постигнато два гола и забележано една асистенција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни