Поврзете се со нас

Свет

Алиоски се збогуваше од Ал Ахли како голем џентлмен (Видео)

Објавено

на

По една сезона во Ал Ахли, Џани Алиоски прави трансфер во Фенербахче и ќе игра во Турција на едногодишна позајмица, вест која ја потврди и клубот од Саудиска Арабија.

Македонскиот репрезентативец мина една година во Ал Ахли, но за тоа време стана омилен лик меѓу своите колеги, но и меѓу навивачите на овој клуб.

Поради тоа, Џани реши да рече „довидување“ онака како што му доликува, односно како голем професионален и спортсмен, особено кога тимот испадна во Втора лига.

Алиоски одржал говор пред своите соиграчи и се поздравил со секој од нив поединечно, а исто важи и за стручниот штаб и тренерите на Ал Ахли.

За крај, Џани има порака за навивачите на овој клуб, им порачува да веруваат во подобри денови и да продолжат да го бодрат Ал Ахли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни