Поврзете се со нас

Свет

Алиоски се поврзува со тим кој би можел да игра во Лигата на шампионите следната сезона

Објавено

на

Макдонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски ова лето би можел да стави крај на авантурата во Саудиска Арабија и да се врати во европскиот фудбал.

Имено, турските медиуми на големо шпекулираат дека за нашиот фудбаелр сериозен интерес има од шампионот на оваа земја, Трабзонспор.

30 годишниот фудбалер веќе подолг период е следен од раководната структура на Трабзонспор која сега ќе се обиде да направи финални преговори со играчот во обид да го ангажира ова лето.

Алиоски и по заминувањето од Лидс се поврзуваше со турскиот тим, но тогаш тој се реши да ја прифати побогатата понуда д Ал Ахли и кариерата да ја продолжи во овој тим.

Од турскиот клуб се задоволни од тоа што го прикажувал фудбалерот и од можноста тој да покрива на неколку позиции на теренот.

Инаку, Трабзонспор како шампион на Турција за оваа сезона има загарантирано место во плеј-офот за Лигата на шампионите за следната сезона и само една пречка го дели до пласман во најелитното европско натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни