Поврзете се со нас

Свет

Алиоски се погрижи за шоу откако заигра за Ал Ахли после 18 месеци (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ALAHLI_FCEN

Езџан Алиоски беше нависитна трпелив и остана да тренира со Ал Ахли и покрај тоа што знаеше дека нема место за него во тимот исполнет со голем број странци, но долгото чекање на крајот заврши и македонскиот репрезентативец вчера првпат заигра после 18 месеци.

Популарниот Џани својот последен настап за Ал Ахли го имаше на крајот на август во 2023-та година, а после точно 538 дена, левиот бек дочека шанса да биде избран на еден натпревар.

Алиоски влезе како резерва на натпреварот во азиската Лига на шампиони против Ал Гарафа, а времето минато на теренот беше доволно за да се најде во центарот на вниманието.

И покрај тоа што не игра, Алиоски има извонредна конекција со навивачите на Ал Ахли, нешто за што доказ беше и начинот на кој беше пречекан, но и шоуто кое следело по крајот на мечот.

По победата од 4:2, Алиоски бил задолжен за одржување на атмосферата на стадионот, потпомогнат од најверните навивачите на клубот кои му даваа поддршка во тешките месеци кои ги остави зад себе.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни