Алиоски погоди против Дерби, Лидс ја прокоцка победата (Видео)

alioski

Лидс Јунајтед никако да ја прекине серијата без победа во англискиот Чемпионшип, а вечерва испушти голема шанса на гостувањето кај Дерби.

Гостите два пати водеа на оваа средба, а македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски се запиша во листата на стрелци во 79. минута и го доведе Лидс во ситуација да се бори за големи три бода. Сепак, домаќините постигнаа гол за реми во судиското продолжение, па конечните 2:2 донесоа поделба на бодовите.

Facebook Коментари