Алиоски погоди од мртов агол и ја потврди победата на Лидс (Видео)

alioski

Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски погоди уште еднаш во дресот на Лидс Јунајтед во Чемпионшип лигата.

Минатиов викенд тој ја затресе мрежата на Хадерсфилд, додека пак вечерва се најде на вистинското место и стрелаше во пресметката со Хал Сити. Популарниот Џани влезе во игра во второто полувреме по што се промени играта и паднаа двата голови за домаќините за славје од 2-0.

Прво Де Вијс си даде автогол во 73 минута за да Алиоски во 82 стави точка на сите дилеми околу победникот.

Лидс со 46 бода е на првото место на табелата.

Facebook Коментари