Поврзете се со нас

Репрезентација

Алиоски: Можеме да се пласираме на СП, Македонија никогаш повеќе нема да има легенда како Пандев

Објавено

на

Македонија наредниот месец ќе го има историскиот настап на едно големо натпреварување, Европското првенство каде во првата фаза ќе ги одмериме силите со Холандија, Украина и Австрија.

Додека сите со нетрпение го очекуваме овој настан, нашиот репрезентативец Езѓан Алиоски за официјалниот сајт на ФИФА проговори за националниот тим, за атмосферата, но и за лидерот на оваа група Горан Пандев.

-Понекогаш го гледам и си велам, овој човек има 38 години. Тоа е неверојатно. Замислете да е десет години помлад, може да ја освои Златната топка. Тој е неверојатен играч. Не е само неговиот квалитет и искуство, много е добар како човек. Со начинот на кој се однесува со нас никогаш не би знаеле дека освоил ЛШ и уште многу други работи низ кариерата. Не се однесува како ѕвезда, ако имате проблем тој секогаш е тука да ви помогне.

-Доаѓа нова генерација на неверојатни фудбалери, но нема да има легенда како Горан Пандев. Тој даде многу за државата и овој тим, вистински идол. Одлично е што тој стигнува до голем турнир по сите тие обиди, -вели Алиоски кој е оптмист и верува дека Македонија по ЕП може да избори место и на СП во Катар.

-Како и секое дете што го сака фудбалот, јас пораснав сонувајќи да играм на сите овие големи натпреварувања: ЛШ, ЕП и СП. Мундијалот и ЛШ сега се мои цели. Кога ја победивме Германија, мора да веруваме дека можеме да стигнеме таму бидејќи според мене сме подобри од Романија, Исланд и другите селекции во нашата група. Па зошто да не? Да се дојде до Светско првенство е дефинитивно следниот чекор што Македонија треба да го направи, -порача Џани преку сајтот на ФИФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни