Репрезентација
Алиоски: Многу е важно да ја победиме Малта, верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе

Македонската А фудбалска репрезентација е пред нов предизвик, циклус на натпревари за пласман на Европското првенство кое во 2024 година ќе се одигра во Германија.
Првиот натпревар го играме на домашен терен и тоа против селекцијата на Малта, средба на која сме фаворити, но тој статус ќе треба да го потврдиме на теренот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Езѓан Алиоски како еден од нашите најдобри и најискусни репрезентативци знае колку е важно да се има позитивен старт, па најавува максимална борба, анажираност за оставрување на посакуваната цел.
-Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија. Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа над Малта и старт со три бода. За нас е исклучително важно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни следуваат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и Украина.
-Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да одиграме одлични натпревари за успешни квалификации после историските резултати во последните години, -порача популарниот Џани.
Дуелот со Малта е закажан за 23 март од 20:45 часот, а четири дена подоцна ќе одиграме пријателска со селекцијата на Фарски Острови.
-
Балканпред 11 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Светпред 23 часа
Талентираната Младеновска договори трансфер во Брест Бретањ
-
Шпанијапред 7 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 10 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 18 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 9 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
НБАпред 9 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Светпред 8 часа
Судија суспендиран откако поништил гол по прегледување на снимка на телефон