Алиоски и Лидс се искачија на врвот на Чемпионшип

alioski

Лидс Јунајтед го победи Бирмингем на Хари Реднап со 2:0 и по седум кола го презеде водството на табелата во англиската втора лига или популарниот Чемпиомшип.

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски одигра 60 минути за домаќините кои освоија три вредни бодови пред своите фанови и максимално го искористија поразот на Кардиф за да стигнат на првото место со 17 бодови, односно еден повеќе од Кардиф и два повеќе од Шефилд Јунајтед.

Алиоски останува еден од најважните играчи на составот од „Иланд Роуд“ и миленик на фановите на Лидс, а неговиот тим е единствениот без пораз во досегашниот тек на првенството.

Facebook Коментари