Поврзете се со нас

Свет

Алиоски ќе има нов клуб, го раскина договорот со Ал Ахли

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски стана слободен агент откако и официјално го раскина договорот со Ал Ахли.

Овој чекор доаѓа сосема очекувано со оглед на фактот што Ал Ахли испадна од најелитното фудбалско друштво во Саудиска Арабија.

Алиоски не сака да игра во втората по ранг лига во Саудиска Арабија, а најавено е и кратење на трошоците во клубот, па јасно беше дека ќе дојде до спогодбен прекин на соработката.

Во моментов за Џани Алиоски најмногу притиска турскиот шампион Трабзонспор кој наводно е пред финален договор со левиот офанзивен бек.

Трабзонспор по долги години минатата сезона стана шампион на Турција, а наредната ќе има можност да игра и во Лигата на шампионите, но за да го стори тоа ќе треба да ја мине последната плеј- оф пречка пред групната фаза во најелитното европско натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни