Поврзете се со нас

Репрезентација

Алиоски: Играме финале со Украина, Арнаутовиќ има само еден проблем

Објавено

на

Езџан Алиоски се појави на денешната прес-конференција и имаше брифинг со новинарите кои му поставуваа прашања, па покрај тоа што одново даде свој коментар за инцидентот со Марко Арнаутовиќ, се осврна и на она што следи на Европското првенство, односно натпреварот против Украина кој според него е круцијален за нашата селекција.

Левиот бек на македонската фудбалска репрезентација „случајот Арнаутовиќ“ го префрли во службите на УЕФА и нагласи дека тој веќе нема никаков проблем со напаѓачот од кого добил извинување, но затоа е максимално фокусиран на себе и на подготовката пред мечот со Украина кој ќе даде многу одговори за тоа дали имаме шанси за пласман во следната рунда на Европското првенство.

– Важно е да закрепнеме овие неколку дена и максимално да се насочиме на Украина. Треба да уживаме на теренот, да имаме забав и да учиме од грешките. Знаеме што направивме на првиот меч, знаеме каде погрешивме и знаеме каде треба да се подобриме. Играме финале против Украина, тоа ќе биде меч за се или ништо, за нив и за нас. Кој ќе победи, ќе има големи шанси да ја мине групната фаза, – изјави Алиоски пред да добие прашање за Арнаутовиќ.

– Тоа што се случи со Арнаутовиќ на теренот е нормална работа со Арнаутовиќ. Имавме препирки за време на мечот, но најдобро е што зборувавме по последниот судиски свиреж и си подадовме рака. Кога тој постигна гол, нешто ми довикна, не знам што ми кажа, не слушнав убаво. УЕФА ги има видеата, треба да видат и да оценат што се случило. Јас не можам да кажам ништо, во таа врева, беше тешко да се слушне. Немам проблем со него, останатото е на УЕФА. Во ситуацијата, Арнаутовиќ има само еден проблем, сите сакаат да дознаат што кажа Марко, сакаат да ги дознаат зборовите бидејќи видоа што се случи, а одговорот го има само УЕФА, – додаде Џани.

– Украина игра убав фудбал, ние треба да се насочиме на нашите квалитети, да веруваме повеќе во себе, бидејќи одигравме добро и против Австрија. Нема за подобрување многу работи, едноставно треба да имаме поголема самодоверба во финишот од акциите. Мечот со Украина е финале, имаме квалитет за победа и не треба да се плашиме од нив, – заврши Алиоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни