Поврзете се со нас

Англија

Алиоски и Лидс го нокаутираа Евертон на „Гудисон Парк“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Лидс па пауза од нешто повеќе од еден месец се израдува на триумф во Премиер лигата и тоа во Ливерпул кај Евертон кого го совлада со 1-0.

Средбата на „Гудисон Парк“ беше динамична, возбудлива, двата тима упатија скоро 40 удари кон головите, но само еднаш топката заврши на вистинското место под регуларни услови. Се играше 79 минута кога Рафиња со прецизен одмерен удар ја смести топката зад грбот на голманот Пикфорд.

Домаќините од овој удар не успеаа да се опорават, да се заканат во преостанатиот дел од натпреварот, па Лидс го запиша четвртиот триумф во кампањата 2020/2021.

Нашиот Џани Алиоски одигра на високо ниво и беше активен низ сите 90 минути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни