Поврзете се со нас

Лига Европа

Алиоски и Фенербахче се спасија од пораз во 92. минута, Рома рутински против Хелсинки

Објавено

на

Foto:twitter.com/staderennais

Рен имаше извонредно отворање на второто полувреме и поведе со 2:0 против Фенербахче, резултат кој се чинеше дека е доволен за три бода на Французите во Лига Европа.

Сепак, така не мислеа избраниците на искусниот Жорже Жезус, особено по влегувањето во игра на македонскиот репрезентативец, Џани Алиоски. Левоногиот фудбалер почна од клупата, Фенербрахче прими два гола без него на теренот, но откако влезе, гостите веднаш се вратија во игра.

Кавечи намали на 2:1 три минути по влегувањето во игра на Џани, а Турците се изборија за реми и избегнаа пораз на доста драматичен начин во продожението.

Судијата досуди пенал за Фенербахче во втората минута од надополнувањето, а прецизен реализатор беше Енер Валенсија кој ги постави конечните 2:2.

Во вечерниот термин, фаворитската улога во Лига Европа ја оправда Рома, која имаше и помош поради фактот што Хелсинки остана со играч помалку уште по дваесетина минути. Пауло Дибала со голот на стартото на вториот дел ја најави победата, која беше потврдена од Пелегрини и Белоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни