Поврзете се со нас

Свет

Алиоски го испрати противникот по „бурек“, па запиша асистенција за Ал Ахли (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски ја продолжи серијата на одлични партии во дресот на Ал Ахли, тим за кој денеска забележа асистенција во победата над Ал Тае во рамките на 9. коло во Саудиска Арабија.

Гостите кои го имаа статусот на фаворити се изборија за славје од 2-1, славје кое дефинитивно го најави нашиот Алиоски. Се играше 7 минута кога Алиоски го испрати Ал Џабери по „бурек“ за да потоа испрати одлична топка до Ал Сомах кој реагираше во манир на расен голгетер и донесе водство од 1-0.

Домаќините до крајот на првиот дел се вратија преку Лукас, но Ал Сомах со вториот погодок во 62 минута го врати Ал Ахли во водство, водство кое се покажа како пресудно затоа што до крјаот остана тој резултат (2-1).

Во наредното коло Џани и пријателките ќе го дочекаат Ал Хилал за кого играат Вието, Гомис, Марега, а ги води португалскиот струњак Леонардо Жардим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни