Поврзете се со нас

Репрезентација

Алиоски е најдобар играч во петтото коло од квалификациите за СП (ФОТО)

Објавено

на

Нашата репрезентација не успеа со три бода да го заврши гостувањето во Рејкјавик кај Исланд иако ги имавме сите услови тоа да го направиме, водство од 2-0, но и шанси за победа и кога противникот се врати во игра.

На крајот моравме да се задоволиме со поен (2-2) со кој ќе го дочекаме натпреварот против Романија закажан за 8 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Ако е на наша утеха Езгјан Алиоски е прогласен за најдобар играч во петтото коло од европските квалификации за СП. Популарниот Џани запиша погодок и асистенција и со тоа заслужи да биде најдбро ценет играч од УЕФА.

Во Топ 3 изборот се уште Јан Зомер кој блескаше на голот на Швајцарија против Италија како и Микола Шапаренко од Украина кој имаше магичен гол во пресметката со Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни