Поврзете се со нас

Лига Европа

Алиоски дебитираше за Фенербахче, турскиот тим подобар од Австрија Виена

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски го имаше своето деби за тимот на Фенербахче на денешниот натпревар од плеј-офот за пласман во Лига Европа.

Џани започна од првата минута во составот на Жорже Жезус и играше на левата бековска позиција каде се задржа до 79. минута кога беше заменет од Новак.

Нашиот репрезентативец се покажа во одлично светло уште на првиот натпревар, а фановите на Фенербахче веднаш забележаа дека се работи за екстра квалитетен играч со кој клубот ќе добие многу повеќе отколку што добивал со Новак.

Што се однесува до самиот натпревар Фенербахче победи со 2:0 со головите на Џошуа Кинг во првото и Сердар Дурсун кој ја затресе мрежата на Австрија Виена во самиот финиш од средбата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни