Поврзете се со нас

Свет

Алиоски асистираше и се израдува на прва победа во новиот клуб, па ги воодушеви фановите на Ал Ахли (Видео)

Објавено

на

Езџан Алиоски конечно се израдува на прва победа во новиот клуб, што воедно беше и прв триумф за Ал Ахли во домашното првенство во новата натпреварувачка сезона по билансот од пет реми средби и два порази.

Ал Ахли на домашен терен го победи тимот на Ал Етифак со убедливи 4:0, триумф во кој точка беше ставено со комбинацијата која ја имаа Џани Алиоски и Гареб.

По двата гола кои ги постигна по трансферот кој го реализираше во Саудиска Арабија, македонскиот репрезентативец денеска ја запиша и првата асистенција, со која беше поставен конечниот резултат во триумфот на Ал Ахли.

Алиоски одигра 85 минути и беше повлечен непосредно пред крајот со оглед на акумулираниот замор, но по средбата имаше време за фановите и со својот гест ги воодушеви навивачите на Ал Ахли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни