Алиоски асистент, Лидс го „скрши“ Стоук на отварањето на новата сезона (Видео)

alioski

Составот на Лидс Јунајтед имаше перфектен старт на новата натпреварувачка сезона во Чемпионшип-дивизијата остварувајќи победа над Стоук со 3-1.

Во првиот официјален меч на Марсело Биелса на клупата на Лидс, домаќините одиграа подобро, поквалитетно и го срушија довчерашниот член на Премиер лигата. Нашиот Езџан Алиоски беше стартер и се до 90 минута беше на теренот кога го замени Херисон.

Популарниот Џани во триумфот учествуваше со асистенција за вториот гол кога мрежата на Стоук ја начна Ернандез.

Во следното коло Лидс му гостува на Дерби Каунти, тим кој од оваа сезона е преводен од легендарниот Френк Лампард.

Facebook Коментари