Поврзете се со нас

Македонија

Aлими: Ќе ги оствариме целите на клубот, со Работнички…

Објавено

на

На последниот вест од оваа календарска година македонскиот прволигаш Работнички објави дека ги обезбедил услугите на искусниот играч за врска Арменд Алими.

Алими долго време го носеше дресот на Шкендија и беше меѓу најзаслужните играчи за успесите на клубот од Тетово во изминативе години, но двете страни решија да се разделат по што Арменд како слободен фудбалер можеше да ја избере новата средина.

Информациите беа дека Шкупи е најблиску до него, но на крајот „романтичарите“ успеаа да го обезбедат неговиот потпис.

-Чест ми е да го носам дресот на Работнички. Тоа е еден од најреномираните фудбалски клубови во Македонија и навистина не размислував премногу кога ја добив оваа понуда. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на раководството  и дека заедно ќе успееме да ги оствариме целите на клубот.

-Ќе се потрудам максимално да им го пренесам моето искуство на помладите фудбалери на Работнички и верувам дека напролет ќе бележиме успеси. Сакам на сите фанови на клубот и на сите останати во државата да им ги честитам празниците и да им посакам многу здравје, среќа и успеси во 2022 година, -порача Алими за клупскиот сајт.

Ветеранот се обврза на едногодишна соработка со тимот од Дебар Маало.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни