Светски првенства
Алиловиќ ги поздрави Унгарците: Хрватска ќе има полесен натпревар од тој со Словенија

Натпреварот меѓу Хрватска и Унгарија ќе донесе отворање на четвртфиналната фаза на Светското ракометно првенство и ќе го промовира првиот полуфиналист на овој мундијал.
Двете селекции се познаваат одлично, Хрватите ќе ја имаат предноста на домашниот терен во Загреб, а поранешниот голман Мирко Алиловиќ смета дека се и големи фаворити во овој прв дуел од нокаут фазата.
– Претходниот натпревар со Словенија го почнавме лошо, но подоцна покажавме колку добро можеме да играме во одбрана.
– Словенците немаа што да загубат и се обидуваа да го повлечат и соседот со себе, да го остават без четвртфинале.
– Сепак, Унгарците не блескаат на ова светско првенство, загубија од Франција со голема разлика. Мислам дека Хрватска има многу поквалитетен тим и ова ќе биде полесен натпревар од тој со Словенија. Унгарците имаат добри играчи, но ние сме поквалитетни на сите позиции, – изјавил Алиловиќ, кој добар дел од кариерата го мина во унгарски клубови.
Дуелот Хрватска-Унгарија започнува до 18 часот.
-
Лига на шампиони23 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Англија24 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони20 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони10 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија9 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег
-
Лига на шампиони19 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…