Поврзете се со нас

Свет

Аликанте на Ѓуроски заглави во последниот период, па загуби од Паленсија 

Објавено

на

Аликанте на македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски со пораз од Паленсија од 76-66 го заврши регуларниот дел од шампионатот во втората лига на Шпанија.

Ѓуроски и другарите играа добро три четвртини, односно во последниот период влегоа со позитива од 55-52. Меѓутоа таа нивна игра не ја задржаа во завршните десет минути во кои не функционираше ниту одбраната, ниту нападот и ривалот со 24-11 дојде до славје на натпреварот.

Аркос Гонзалес со 16 кошеви беше најефикасен на средбата, нашиот Ѓуроски даде две тројки (шест поени) со 1 скок за 25 минути на натпреварот.

Сега престои плејофот преку кој Аликанте ќе проба да се избори за место во Ендеса Лигата.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни