Поврзете се со нас

Свет

Аликанте и Ѓуроски влегоа во лоша резултатска серија

Објавено

на

Тимот на Аликанте за кого настапува Стојан Ѓуроски претрпе уште еден пораз во втората лигата на Шпанија и тоа на гостувањето кај Лејма Коруња (71-64).

Гостите се бореа низ сите 40 минути за да дојдат до позитивен резултат, но домаќините за нијанска беа подобри, пофукусирани во клучните моменти и се изборија за славје со што се на врвот во шампионатот.

Македонскиот репрезентативец Ѓуроски беше стартер, одигра 28 минути за кои даде 9 поени и 2 скока.

Столе и другарите сега имаат три порази во низа, нова шанса за истата да ја прекинат ќе имаат против Бреоган на 9 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни