Поврзете се со нас

Германија

„Алијанц Арена“ емотивно се збогуваше со Бекенбауер, Баерн победнички го отвори вториот дел од шампионатот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Составот на Баерн Минхен со сигурна победа ја отвори 2024 година во Бундеслигата.

Во првата средба по зимската пауза, избраниците на Нагелсман рутински се справија со Хофенхајм кој беше совладан со 3-0. Младиот Мусиала беше автор на два гола, првиот го даде во 18, вториот пак во 70 минута.

До крајот и Кејн се запиша во листата на стрелци, поточно дојде до 22 сезонски погодок во германскиот шампионат. Баерн сега е на минус еден во однос на лидерот Баер Леверкузен кој во оваа 17. рунда му гостува на Аугзбург.

Инаку пред стартот на мечот, „Алијанц Арена“ емотивно се збогуваше со Франц Бекенбауер, германската легенда, иконата на светскиот фудбал кој почина пред неколку дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни