Поврзете се со нас

Англија

Али: Мурињо ми се извини затоа што погреши, но веќе беше предоцна

Објавено

на

Деле Али откри многу детали за потешкотиите и траумите кои ги доживеал во текот на животот, а во гостувањето кај Гери Невил се навратил и на случајот со Жозе Мурињо.

Тогашниот менаџер на Тотенхем го обвини Али дека е мрзлив, во видеото кое беше емитувано како дел од документарецот за сезоната на премиерлигашот, а стриминг сервисот не го пренел и неговото извинување.

– Фамозното видео со Мурињо од документарецот на „Амазон“ имаше негативен ефект.

– Ме нарече мрзлив пред камерите, но една недела подоцна ми се извини затоа што знаеше дека тоа не е вистина.

– Но, тоа ја промени перцепцијата кај фановите, видеото не ја пренесе целата вистина и овозможи фановите да изградат погрешно мислење за мене, – изјавил Али.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни