Поврзете се со нас

Македонија

Алхасан со магичен гол донесе победа за Шкендија, Силекс ја доби битката со шампионот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcshkendija

Екипата на Шкендија продолжува да ниже победи во вториот дел од шампионатот во Првата лига, па така најновиот успех дојде во пресметката со Тиквеш.

„Црвено-црните“ во двете претходни рунди беа подобри од Вардар и Силекс, додека пак денеска го добија Тиквеш со минимални 1-0, победа многу вредна во трката затитулата.

Трите бода беа обезбедни со магичниот гол со пета на Алхасан во првото полувреме.

Во Кратово пак Силекс беше подобар од актуелниот првак Струга Трим Љум со 3-1. Домаќините преку Хрвановиќ, Маронг и Алиќ го расипаа дебито на новиот тренер на стружани Илчо Ѓорѓиоски.

Гостивар и Работнички одиграа без голови, додека Шкупи и Воска Спорт беа подобри од Пелистер, односно АП Брера со 3-1.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни