Поврзете се со нас

Германија

Алфонсо Дејвис се појави на тренингот на Баерн и ги зачуди фановите со својата трансформација (Фото)

Објавено

на

Тренинзите на Баерн Минхен од вчера се побогати и со Алфонсо Дејвис, спектакуларниот лев бек кој успеа да ја надмине повредата на зглобот која ја заработи на последниот настап за Канада.

Супербрзиот дефанзивец на баварскиот гигант е еден плус во ростерот на Јулијан Нагелсман, но сепак во фокусот се најде неговиот физички изглед при враќањето на редовната рутина.

За време на повредата, повеќе од очигледно е дека Дејвис минувал многу време во теретана, па светските медиуми направија и споредба за тоа каква страшна трансформација имал Алфонсо во последните две години.

Младото момче очигледно го следело рецептот на Леон Горецка, кој за време на минатогодишниот карантин и пауза поради коронавирусот, направи да изгледа двојно поголемо од тоа беше претходно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни