Алфа Ромео се враќа во Формула 1

Alfa-Sauber

Брендот Алфа Ромео се враќа во Формула 1 шампионатот и тоа новата сезона во 2018 година, во која ќе соработува со Заубер и Ферари.

Тимот Заубер сега ќе се вика Алфа Ромео Заубер, ќе значи стратешка, комерцијална технолошка соработка, а со него се исполнија најавите на првиот човек на Ферари, Серџо Маркионе, кој најави враќање на легендарното име првпат по 1985 година.

– Овој договор со Заубер овозможува значаен исчекор во освежувањето на брендот Алфа Ромео кој се враќа во Формула 1 по три децении. Како значајна марка која помогна да се креира славната историја на овој спорт, Алфа Ромео ќе им се приклучи на останатите гиганти ко учествуваат во Формула 1, – истакнал Маркионе.

Најславните денови во Формула 1, Алфа Ромео ги имаше во 1950 и 1951 година кога Хуан Мануел Фанџо и Џузепе Фарина ги освоија титулите.

Facebook Коментари