Поврзете се со нас

Германија

Алер за новиот чекор во битката со туморот: Битката не е завршена

Објавено

на

Себастијан Алер и Борусија Дортмунд потврдија дека фудбалерот ќе оди на операција, на која ќе му биде отстранет туморот на теститите.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска се врати во Бундеслигата како сериозно засилување за Борусија, но набргу му беше открин туморот, поради што веднаш го започна процесот на лечење.

Првично, Алер праваше хемотерапија за сега да мора да се направи и оперативен зафат.

– Како што беше планирано отпочеток, различни солуции беа разгледувани после хемотерапијата.

– Битката не е завршена за мене, мора да направам операција за целосно да биде отстранет туморот кој не ми дава да се вратам на фудбалските терени, – објави Алер на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни